Групацијата Фолксваген (Volkswagen group) објави дека продала помалку автомобили минатиот кварта отколку пред една година.
Во периодот од април до јуни, Групацијата испорача 2.243.700 возила од сите марки на Групацијата ширум светот, што е 3,8% помалку отколку во истиот месец минатата година. Ауди и Кина се особено тешко погодени, пишува германскиот весник Welt.
Продажбата на Audi падна за 11,3%. Основната марка Volkswagen има пад на продажбата од 5,2%. Skoda и Seat/Cupra, пак, забележаа пораст на продажбите.

Голем дел од од фабриките во Македонија кои произведуваат автоделови се поврзани токму со германската авто индустрија, особено со Volkswagen групацијата, па намалените продажби веќе се одразуваат и врз нарачките. Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека извозот во Германија во мај е намален за речиси 30%. Имајќи предвид дека Германија е најголем извозен пазар каде се пласира околу 48% од вкупниот извоз, забавувањето кај германската автоиндустрија неминивно ќе го намали и македонскиот извоз.


Бизнисот е особено слаб во Кина, каде во изминатите три месеци Volkswagen продал за 19,3% помалку возила.

Во Западна Европа, пак, продажбата пораснала за 5,1%, а во Северна Америка за 10,8 %. Сепак, ова не може да го компензира падот во Кина.
Има пад и во продажбата на електрични автомобили. Во првата половина од годината, групацијата Volkswagen испорачала 317.200 електрични модели ширум светот, 4.400 помалку отколку во истиот период во 2023 година. Главната причина за тоа беше слабата побарувачка во Европа и САД, каде што беа испорачани по 15% помалку електрични автомобили.

Volkswagen размислува да ја затвори фабриката на Audi во Брисел-тоа би било прво затворањефабрика во 40 години!

Групацијата Volkswagen ја ревидираше својата прогноза за годинава надолу и повторно Ауди е особено погоден. Компанијата ја намали прогнозата за оперативен поврат на продажбата за 2024 година на 6,5-7% од 7-7,5% и рече дека брендот Audi размислува да ја затвори својата локација во Брисел, која вработува околу 3.000 луѓе, поради малата побарувачка за своите електрични автомобили од повисока класа.
Фолксваген, кој има силно синдикално претставување, нема затворено фабрика во последните четири децении, но аналитичарите велат дека производителот на автомобили бил под притисок да намали значителни количини вишок производствен капацитет.