Германскиот производител на автомобили Volkswagen објави дека планира да инвестира околу 15 милијарди евра во електрична мобилност во Кина до 2024 година во партнерство со три кинески компании.
Volkswagen со три компании кои ги основаше со кинеската групација FAW, SAIC Motor и JAC до 2025 година ќе изгради 15 електрични и хибридни модели, кои имаат електромотор и стандарден мотор со внатрешно согорување.

Во октомври, германскиот гигант ќе започне со производство на електрични возила базирани на платформата MQB во две кинески фабрики.

Батериите ќе се набавуваат од кинеските компании CATL, Guoxuan и A123.
SAIC, најголемиот производител на автомобили во Кина, денес одделно објави дека планира да лансира скоро 100 модели автомобили напојувани од нови извори на енергија до 2025 година. Во нив се вклучуваат електрични возила на батерија, возила со електричен мотор и класичен мотор и возила со водородни ќелии.

Извор: Reuters