Матрона Конс во соработка со Експорт-Академија Баден-Виртемберг организира онлајн семинар со врвни експерти, кои ќе ги споделат своите искуства за предизвиците за извоз во Германија и водење бизнис на германскиот пазар.
Ексклузивно за сите компании извозници, овој прв вебинар ќе биде понуден бесплатно се со цел да им се помогне на компаниите во креирањето на извозна стратегија за странски пазари, меѓу кои и германскиот пазар, во овие критични времиња на делување.

“Еден од најбитните фактори за успешно работење на меѓународните пазари е инвестирањето во меѓународна бизнис едукација на претприемачите, извозните директори и другите вработени во извозните оддели на компаниите”, вели Тања Евросимовска, директор на Матрона Конс. Поради таа причина, вели Евросимовска, ја започнуваме соработката со оваа позната Експорт Академија од Баден-Виртемберг.

“Ширењето на новиот коронавирус ги принудува компаниите брзо да се прилагодат на новите предизвици. Потребни се нови начини на деловно работење, а стратегијата на компанијата мора да се прилагоди на променетите услови”, вели проф Др. Бертрам Ломилер, директор на германската Експорт Академија од Баден-Виртемберг.

Започнувањето на работа во Македонија го најавуваат со овој онлајн вебинар кој ќе се одржи на 12 мај 2021 година во среда од 13ч до 14ч, и ќе биде бесплатен за сите компании кои ќе се регистрираат.

  • Типични предизвици за водење бизнис со Германија
  • Рамка за развој на меѓународен бизнис и начини за зголемување на перформансите на меѓународниот пазар
  • Пишана деловна комуникација со германски компании и решенија за контакт со германски претприемачи преку е-пошта

Ова се дел од темите кои ќе бидат презентирани од страна на експертите на Експорт-Академија Баден-Виртемберг. Нашиот главен предавач, Проф д-р Бертрам Ломилер (Bertram Lohmüller) студирал градежништво, меѓународен маркетинг и неговиот докторат обработува теза за клучниот двигател на иновациите на производите во германската производна индустрија. Како консултант, со текот на годините, обучил повеќе од 2000 врвни менаџери од целиот свет. Тој е специјализиран за корпоративна стратегија, трансфер на технологија, управување со иновации и меѓународен бенџмарк.

За сите компании кои ќе учествуваат, организаторите ќе понудат бесплатна консултација од половина час во врска со нивното стратешко делување и меѓународно работење.

Во рамки на вебинарот др.Љупчо Велески – директор на Секторот за извоз во ВИТАМИНКА, ќе презентира практични искуства за успешен пласман на FMCG производи на германскиот пазар.

“Германија е веројатно најсофистицираниот европски FMCG пазар. Најголемите европски, и светски малопродажни системи, како Lidl, Aldi, Kaufland, REW, Metro се германски. Да се соработува со нив е исто како да се соработува со Microsoft или Apple во ИТ индустријата или со BMW, AUDI или Mercedes во автомобилската индустрија. Пласманот на тој пазар е навистина комплексен, но може да биде многу профитабилен и многу да се научи”, вели Др Љупчо Велески.
На вебинарот ќе ги споделиме нашите искуства од нашиот влез на gерманскиот пазар, кои иако се од FMCG индустријата, сепак може да бидат и универзален концепт, дополнува г-дин Велески.

За да се регистрирате за учество можете да ни пишете на info@matronacons.com или да го пополните формуларот за регистрација на https://forms.gle/qiosXA823X4WMCrf7 или да се јавeте се на 072 285 500.

Експорт-Академијата лоцирана во Тибинген е основана во 1984 година од страна на државната влада на Баден-Виртемберг. Со тим од 10 високо квалификувани луѓе, спроведуваат едукативни, консултантски и истражувачки активности за меѓународно управување и технологија. Од 2008 година академијата работи како приватна компанија и главниот фoкус на академијата е развој и имплементација на проект-интегрирани комбинирани концепти за учење и обука на менаџери и директори (www.eabw.org).

Матрона Конс (Скопје, Белград и Љубљана) е компанија која работи на унапредување на извозот и интернационализација на деловните активности, стратешко управување и развој на бизнисот на компаниите, со цел да им помогне на локалните компании да ги зголемат своите извозни капацитети и да најдат нови безбедни меѓународни партнери. Нашата компанија е претставник на повеќе брендови како што се RGX (www.rgxonline.com) како и Експорт – Академија Баден-Виртемберг (www.matronacons.com).