Најновото возило за чисетње на велешки Брако од брендот Green Machines кое работи целосно на хидроген се промовина и во француската престолнина Париз.
Возилата на францускиот пазар ќе бидат достапни преку производителот и дистрибутерот на специјализирани возила CMAR. Возилата на Green Machines се нудат како најиновативни и најеколошки возила со чистење, моќни, економични и со иновативен дизајн.
Возилото GM 500H2 е прва во Европа еколошка машина за одржување хигиена во урбани средини која работи на водород.
Тим од 15 инженери од Македонија во соработка со инженери од Холандија работеа на еколошкото возило за чистење што испушта единствено вода, а не како досегашните издувни гасови.
Холандските градови Амстердам, Утрехт и Ротердам се први кои ќе ја одржуваат хигиената со овие велешки еколошки возила. Еко-визијата на инженерите од Брако ја препознаа и други земји, па така интерес за новата еколошка машина за одржување хигиена во урбани средини има и од САД, Велика Британија, Јапонија, но и од скандинавските земји.