Со Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија од почетокот на годинава како врштител на должност управува Герт Рабов. Тој доаѓа на местото на долгогодишниот директор на Делегацијата во земјава, Патрик Мартенс. 

„Јас сум вработен во мрежата на Германските стопански комори повеќе од 20 години, и повеќето од нив ги поминав работејќи во Азија. Се надевам дека со моето долгогодишно искуство и компетентност која ја стекнав работејќи во мрежата на Германските стопански комори која се протега во 92 земји ширум светот можам да дадам нов поттик за понатамошен развој како на Делегацијата, така и на Македонско-Германското стопанско здружение“, вели Рабов во своето прво обраќање до македонската јавност преку Тој за прв пат се претстави денеска преку
традиционалната Утринска телеграма на Делегацијата на германското стопанство.

Тој додава дека во изминатите години, регионот на Западен Балкан игра се поважна улога како економски регион за Европа.

„Германските компании веќе се добро етаблирани во Северна Македонија, односно познати германски компании инвестираа во изминатите години во земјата. Истовремено, Германија е најважниот трговски партнер на Северна Македонија. Следните неколку месеци ќе ги искористам за да запознам колку е можно повеќе компании членки на Македонско-Германското стопанско здружение“, посочува Рабов.