Тешките поплави низ централна и источна Европа доведуваат до доцнење на транспортот, предупредуваат шпедитерите.

Границата меѓу Чешка и Полска беше погодена од силен дожд изминатиот викенд, принудувајќи некои жители да се евакуираат, а мостовите да се урнат – досега загинаа 17 лица низ регионот.

Вчера унгарските власти го затворија граничниот мост на главниот пат 14, со што беше прекинат патниот сообраќај кон Словачка. Затворени патишта има и во Полска, Романија, Чешка и Австрија, како и секундарни патишта во јужните германски покраини Баварија и Саксонија.

Kuehne + Nagel испрати информација и предупредување до клиентите.
„Принудени сме да ве информираме дека има значително намалување/запирање на железничкиот сообраќај од викендот, предизвикано од големите поплави“.
Компанијата информира дека нејзините услуги до и од Австрија, преку Линц и Кремс, до сите пристаништа во мрежата METRANS биле погодени, како и услугите до и од Чешка преку Острава, каде што терминалот бил недостапен.

„Патот до северните пристаништа е сè уште прооден, но се чека развојот на ситуацијата со поплавите на Елба, која сè уште не го достигнала својот максимум и може целосно да го запре сообраќајот“.

MSC информираше дека некои контејнерски терминали во интермодалната мрежа се соочуваат со оперативни ограничувања поради условите.

Извор: Loadstar