Комесарот за трговија на ЕУ, Фил Хоган и претставникот за трговија на САД, Роберт Лејтизер, се согласија во име на ЕУ и САД да ги отстранат или намалат царините за одредени производи, давајќи си едни на едни на други пристап до пазарот за производи во вредност од стотици милиони долари.
Ова е прво договорено намалување на царини меѓу САД и ЕУ за повеќе од 20 години, а ќе се применува ретроактивно, од 1 август.
ЕУ целосно ќе ги елиминира царините за увозот на американски живи и замрзнати јастози и нивни преработки, велат трговските претставници во заедничка изјава.
Во 2017 година, американскиот извоз на овие производи вредеше околу 111 милиони долари .
САД, од друга страна, ќе ги намалат царините за претходно подготвени оброци, површински облоги, производи од кристал и запалки за 50 %, со што вкупната вредност на американскиот увоз на овие производи ќе достигне околу 160 милиони американски долари .
„Целта е овој пакет царински намалувања да биде само почеток на процес што ќе доведе до понатамошни договори за воспоставување на поголема слободна, фер и реципрочна трансатлантска трговија“, рече комесарот Фил Хоган и додаде дека станува збор за договор што е од корист за двете страни и кој е дел од подобрувањето на односите ЕУ-САД.