За да ја поттикне потрошувачката, Германија го намалува ДДВ-то и дава 300 евра за секое дете

Пратениците во долниот дом на парламентот во Германија во понеделникот ги поддржаа стимулативните мерки, вклучително и намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 19% на 16%  од 1 јули, со цел да се стимулира растот во најголемата економија во Европа по влијанието на пандемијата на коронавирус.

Горниот дом на Бундестагот се очекува да го поддржи намалувањето на ДДВ, што ќе ја чини владата 20 милијарди евра. Во мерките за стимулирање на економијата е вклучена и исплата на бонус на семејства од 300 евра по дете.

„Имаме шанса да ја вратиме економијата во растот во втората половина од годинава“, изјави  министерот за економија на Германија, Питер Алтмајер.

За да се зголеми куповната моќ на граѓаните, основната стапка на ДДВ ќе се намали од 19 на 16%, а специјалната стапка која се применува за храна и секојдневни производи ќе се намали од 7% на 5%.

Според агенцијата dpa, многу супермаркети, како и салони за автомобили и мебел веќе најавиле  дека ќе им овозможат на своите клиенти да ги искористат сите овие попусти и ќе преземат акција за намалување на цените од почетокот на неделава.