Во првата половина годинава македонските винарници продале вино на странските пазари во вредност од 29,4 милиони евра, што е за 8,8% повеќе во споредба со истиот период лани кога биле извезеи вина во вредност од 27 милиони евра, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
Но, статистиката покажува дека растот се должи пред се на зголемените цени, додека извезените количини се намалени. Податоците покажуваат дека во првата половина годинава извезените количини на вино биле помали за 9,7% во споредба со извезените количини во истиот период лани.
Македонските вина годинава се продавале на 37 странски пазари, при што извоз поголем од 1 милион евра имало само на седум пазари. Од 10-те најголеми извозни пазари, седум се од регионов.
Најголем извозен пазар традиционално е Србија, каде во првата половина годинава се продале македонски вина во вредност од 11 милиони евра или 38% од вкупниот извоз.
Втор најголем извозен пазар, каде во истиот период биле извезени вина во вредност од 4,1 милион евра. Следуваат Хрватска со извоз од 3,3 милиони евра, Босна и Херцеговина со извоз вреден 2,2 милиони евра, Австрија со извоз од 1,5 милиони евра, Словенија (1,2 милиони евра), Бугарија (1 милион евра), Црна Гора (760 илјади евра), Косово (560 илјади евра), Полска со извоз од 475 илјади евра и Кина со извоз од 400 илјади евра.
На дното на листата со најмал извоз на вино се Сингапур и Јапонија каде во првата половина годинава биле извезени македонски вина во вредност од 5.600 евра и 3.300 евра.