Потрошувачите во еврозоната и Европската унија се вратија масовно во продавниците во мај, откако беа олеснети мерките за спречување на корона вирусот низ многу европски земји.
Податоците на Евростат покажуваат нагло закрепнување на продажбата во мај, по рекордните падови во март од 10,6% и во април од 12,1%.
Продажбата во 19-те земји од еврозоната се зголеми за 17,8% во мај во споредба со април, што е најголемо зголемување во последните 21 година откако се води евиденцијата. Растот на малопродажбата на ниво на цел ЕУ изнесува 16,4%.
Порастот на малопродажбата е поголем од очекуваниот раст од 15%. Сепак, во споредба со претходната, продажбата се уште е помала за 5,1% во мај, покажувајќи дека закрепнувањето е далеку од завршено.
Најголем месечен раст од дури 147% (130% на ниво на ЕУ) во мај има кај продажбата на облека, текстил и обувки, секторот кој најмногу беше погоден од намалената трговија за време на пандемијата. Во споредба со мај претходната година, се уште продажбата е помала за 50,5%.
Купувачите исто така се зголемиле за 38,4% (31,9% на ниво на ЕУ) и набавките за гориво за автомобили.
Трговијата со електрични производи и мебел бележи раст од 37,9% (32,1% во ЕУ). Книгите и компјутерската опрема забележаа раст на продажбата од 26,8%.
Трговијата во секторот храна и пијалоци е зголемена за само 2,1%, но во одноа на мај таа е поголема за 4,9%. Продажбите,пак, на фармацевтски производи се поголема за 3,6% во однос на април, а во однос на мај претходната година е помала за 6,1%.
Онлајн продажбата во мај е зголемена за 7,0% (4,9% во цела ЕУ) и ова е единствениот под-сектор на мало во еврозоната што не претрпе пад на трговијата за време на мерките за ограничување на движењето. Во споредба со истиот месец лани, он-лајн трговијата во мај била поголема за 31,2% во еврозоната, а за 32,9% на ниво на цела ЕУ.
Гледано по земји, малопродажбата е најмногу зголемена во Швајцарија за 30%,Луксембург за 28,6%, Франција за 25,6%, Австрија за 23,3%, Белгија за 20%, Германија за 13,9%, Словенија за 12,8%.