Светската трговска организација очекува глобалната трговија да падне за 13% оваа година, како резултат на шоковите предизвикани од коронавирусот, што е значително помалку од нејзиното најпесимистичко сценарио за пад од 32%, изјави Роберто Азеведо, претседателот на СТО во заминување .
Според Азеведо, постои поголема загриженост во рамките на СТО за земјите кои се придвижуваат кон самодоволност како одговор на пандемијата.
Концентрирањето на производството во една земја го изложува на широк спектар на удари, вели Азеведо.
Нациите треба да ги диверзифицираат изворите на снабдување, а пандемијата COVID-19 ќе предизвика глобалните синџири на вредности да се реконфигурираат во наредните години, додаде тој.