Царинската управа на Република Северна Македонија и Царинската управа на Република Албанија со заеднички централен настан на граничниот премин Ќафасан во организација на USAID ја одбележаа реализацијата на проектот „Зајакнување на ефикасноста на заедничките контроли на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане помеѓу двете држави, со цел олеснување на тровијата и транспортот, прекугранична соработка и инвестиции“ како грант одобрен од програмата на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата.

Соработката со УСАИД и Американската амбасада во Република Северна Македонија е долгогодишна и плодна, со фокусирање на проекти од ваков вид, Царинската управа, постојано е насочена кон развивање на решенија и услуги, со кои се поедноставува и олеснува работата на учесниците во царинската и надворешно-трговската постапка. Се создаваат подобри услови како за царинските службеници, така и за другите гранични агенции кои секојдневно се присутни на граничните премини.
Оваа заедничка соработка со Царинската управа на Република Албанија опфаќа набавка на опрема за контроли за двете страни на граничниот премин Ќафасан-Кафтане, стручен консултант, обуки и студиски посети за вработени од македонската и албанската царинска управа, во насока на забрзување на времето за контрола и воведување на заеднички контроли на овој граничен премин.
“Ни претстојат активности за координирано усогласување на барањата, взаемно признавање на документите што ја придружуваат стоката, соработката со царинските органи, Овластен економски оператор, зелени коридори за сите стоки, 24-часовна секојдневна достапност на услугите на граничните служби, како и модернизација, зголемување на безбедноста, ефикасноста и ефективноста во работењето”, велат од македонската Царина.
Царинската управа изрази благодарност за поддршката на УСАИД, амбасадорите на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија и Албанија, соработниците од бизнис заедницата, како и на соработниците од Светска банка и Делегацијата на Европската унија, кои ги поддржуваат напорите на Царинската управа изминативе години кон унапредување, модернизација и олеснување на трговијата.