Француските производители на автомобили мора да вратат во Франција поголем дел од производство за да добијат поддршка од државата, изјави министерот за финансии на Франција, Бруно Ле Мер.
Заедно со туризмот и авиоиндустријата, производството на автомобили е една од трите индустрии за кои француската влада подготвува специфични планови за обновување на секторот, за да им помогне да се вратат на нозе по кризата со коронавирусот.
Министерот за финансии Бруно Ле Маир рече дека ќе оствари состаноци оваа недела со претставници на автомобилската индустрија во земјата за планот за закрепнување, што се очекува да стартува на крајот на август или септември.
„Ние сме подготвени да ви помогнеме, подготвени сме да ги подобриме стимулациите за нови автомобили, подготвени сме да разгледаме што може да ја подобри вашата конкурентност“, рече Ле Маир. „За возврат, кој е вашиот план за реалокација и враќање на производството во Франција? Така ќе се изгради посилна автомобилска индустрија “, додаде тој.
Франција веќе подготвува пакет од 5 милијарди евра на заеми гарантирани од државата за производителот на автомобили „Renault“ , во кој удел од 15% има и државата.