Цената на гасот во Европа го проби нивото од 590 долари за 1.000 кубни метри за време на денешното тргување на Лондонската Интерконтинентална берза Европа (ICE).
Конкретно, цената на октомвриските фјучерси на гас на холандскиот ТТФ центар достигна 592 долари утрово на почетокот на тргувањето, а малку подоцна се намали на околу 586 долари за 1.000 кубни метри.

Цената на гасот во Европа прво го достигна и го надмина нивото од 580 долари за 1.000 кубни метри на почетокот на минатата недела, за само за само неколку дена падна за речиси 100 долари – прво поради лажните информации за започнатите испораки преку Северен тек 2, а подоцна поради извештаите на Газпром дека испораките преку тој гасовод би можеле да достигнат 5,6 милијарди кубни метри до 2021 година, објави агенцијата Танјуг.

Заврши ерата на евтин природен гас, цените се на рекордно високо ниво и ќe продолжат да растат