Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат, а цената на дизелот, мазутот и Екстра лесното масло за домаќинство останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Според РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,88 отсто во однос на одлуката од понеделникот.
ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 2,5 денари и литар ќе чини 98,50 денари, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за два денара и ќе изнесува 101 денар. Дизел горивото останува 100 денари за литар. Непромента останува и цената на мазутот, 50,044 денари за килограм.
“Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,927% или за 44,400 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 0,897% или за 10,250 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 1,042 % или за 11,650 $/тон и
кај мазутот зголемување во просек за околу 1,983% или за 11,050 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 61,1256 ден/$ и е за околу 0,09% повисок од курсот на доларот (61,0708 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка”, се вели во соопштението од Регулаторната комисија за енергетика.