Извозот во Кина се зголеми за 7,2% во јули, најголем раст на извозот на медицинска опрема и маски

Извозот на Кина во јули деноминиран во долари се зголеми за 7,2%, додека увозот падна за 1,4% во споредба со јули минатата година , покажаа податоците од Генералната администрација за царина на Кина.
Во јуни, извозот од Кина забележа раст од 0,5% во однос на пред една година, а увозот се зголеми за 2,7% во истиот период.

Кинеските власти објавија дека во јули трговски суфицит достигнал 62,33 милијарди долари, што е повеќе од очекувањата на економистите и раст во споредба со трговскиот суфицит во јуни кој изнесуваше 46,42 милијарди долари.

И покрај пандемијата на коронавирус што ја погоди глобалната побарувачка, извозот од Кина продолжи да расте, предводен пред се од зголемениот извоз на медицински материјали и опрема, како и заштитни маски.
Очекувањата се дека закрепнувањето поткрепено од државните стимули ќе продолжи и во наредните месеци.
Странската побарувачка, исто така, веројатно ќе продолжи да се опоравува како нарушувања поврзани со пандемијата.
Како најголеми ризици за опоравувањето на кинеската економија се посочува трговскиот конфликт со САД.
Во меѓувреме, кинеските власти се повеќе се фокусираат кон зголемување на домашното и потрошувачката во самата земја.