Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во индустриската зона Жабени во Битола, кој предвидува отворање на 2.000 нови работни места во следните четири години. Во фабриката ќе се произведуваат кабелски за германскиот автомобилски гигант „Ауди“, соопшти премиерот Христијан Мицковски.
Новата инвестиција претставува значаен развоен проект за Битола и Пелагонискиот регион, а ќе придонесе и за зголемување на извозот и отворање нови можности за вработување.
Во рамки на новиот проект, во фабриката во Жабени ќе се произведуваат кабелски системи за нов модел на „Ауди“, со планиран дневен капацитет од над 3.000 кабелски снопови.
Инвестицијата предвидува воведување современи технологии и дигитализација на производствените процеси, со што дополнително ќе се зајакнат производните капацитетите на германската компанија во Македонија.
Според премиерот Мицковски, проектот е потврда за довербата на странските инвеститори во домашната економија, како и за потенцијалот на квалификуваната работна сила да одговори на високите стандарди на европската автомобилска индустрија.
Вкупниот број вработени на Кромберг и Жуберт во Македонија ќе достигне околу 10.000
Компанијата со германски капитач „Кромберг и Шуберт“ досега реализирала три инвестициски проекти во индустриската зона Жабени.

Според податоците, во фабриката во Битола има околу 5.300 вработени, додека во фабриката во Скопје работат над 1.700 лица. Со реализацијата на новиот инвестициски проект и планираните 2.000 дополнителни вработувања, вкупниот број вработени во производствените капацитети на компанијата во земјата се очекува да се приближи до 10.000.
Очекуван извоз од над 400 милиони евра
Покрај новите вработувања, Владата очекува и значителен придонес во извозните резултати на земјата.
Како што посочи премиерот, според очекувањата на компанијата, извозот од нејзините производствени капацитети во Македонија следната година би требало да надмине 400 милиони евра.
Според новата едиција ТОП 100 Извозници, фабриката на Кромберг и Шуберт во Битола е втор најголем извозник од земјава со извоз реализиран во 2025 година од 308 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:


























