Samsung Electronics Co Ltd разгледува четири локации во САД, две места во Аризона, Њујорк и Тексас, за изградба новата фабрика за производство на чипови вредна 17 милијарди долари.

При тоа јужнокорејскиот технолошкиот гигант бара комбинирани даночни ослободувања од 1,48 милијарди долари за период од 20 години.

Властите во овие сојузни држави се натпреваруваат за да ja привлечат новата инвестиција на Samsung па нудат намалување на данокот на имот и „значителни грантови и даночни кредити“ за финансирање на подобрувања во инфраструктурата.

Новата фабрика што Samsung планира да ја изгради ќе произведува „напредни логички уреди“ за бизнисот со производство на чипови на Samsung и се очекува да отвори 1.800 работни места.

Samsung веќе има фабрика за чипови во Остин, Тексас.