Со големиот асортиман, разните производи, широкиот спектар производни програми, Витаминка се претставува на најголемите саеми и со тоа ја продолжува потрагата по нови пазари.
Саемот за кондиторски производи во Дубаи, Yummex е еден од најреномираните специјализирани саеми за кондиторија во организација на Koelnmesse, затоа што директно го отвора патот кон азиските земји, што претставува голем и растечки пазар. Голем дел од асортиманот на компанијата, почнувајќи од оние производи што се посебно интересни за странските пазари, слатката и солената програма беа изложени на штандот на Витаминка каде посетителите имаа можност да се запознаат и да ги пробаат. Производите на компанијата, посебно новитетите веќе ги предизвикаа првите позитивни импресии.
„Yummex е најголем настан во индустријата за слатки и солени производи во Средниот Исток, каде се поврзуваат таргетирани производители и добавувачи и се презентираат најновите алатки за подобрување на бизнисот во производство на кондиторски производи. Онака како е конципиран го препознава зрелиот деловен потенцијал во регионот како водечки меѓународен центар за производство и преработка за да и служи на глобалната меѓународната побарувачка. Во таа насока и присуството на секое издание на овој саем е потребно и клучно за развој на бизнисот”, изјави Љупчо Велески, директор за извоз во Витаминка.
