Водечкиот снабдувач на автомобилски делови Magna International објави дека почнува со изградба првата фабрика во земјава, не наведувајќи никакви подетални информации околу висината на инвестицијата, бројот на работни места кои ќе бидат отворени и локацијата на објектот.
“Во Magna, продолжуваме да одиме напред и остануваме фокусирани за подобро да им служиме на нашите клиенти низ целиот свет. Возбудени сме да го објавиме почетокот на изградбата на нашата прва фабрика во Северна Македонија. Во објектот од 17.000 м² ќе се произведуваат надворешни огледала и активатори”, стои во објавата на на официјалните профил на Magna International на Linkedin и Facebook.
Неофицијално, фабриката на Magna ќе се гради во индустриската зона кај Струга и ќе отвори над 1.000 работни места.
Magna е водечки снабдувач на автомобилски делови во светот со 348 производни објекти и 91 објект за развој на производи низ целиот свет.
Magna International е една од најголемите компании во Канада и меѓу најголемите производители на автомобилски делови за General Motors, Ford Motor Company, FCA, BMW, Mercedes, Volkswagen и Tesla Motors.
На социјалната мрежа на Magna на социјалната мрежа Facebook е споделено и видео како ќе изгледа објектот.
At Magna, we continue moving forward and staying focused on better serving our customers around the world. We are excited to announce the ground breaking of our first-ever facility in North Macedonia. The 17,000 m² facility will manufacture outside mirrors and actuators. #MagnaGrowth #MagnaMade
Publiée par MagnaInternational sur Jeudi 13 août 2020