И во текот на мај, и покрај разлабавувањето на мерките, најголемиот дел од германските граѓани ги избегнувале авто салоните. Вкупно во мај во цела Германија биле продадени 168.000 возила, што е за 50% помалку од продадените возила во истиот месес лани.
одатоците од Федералната агенција за автомобилски транспорт покажуваат дека падот во мај бил нешто помал во споредба со падот во продажбата на автомобили во април.
Очекувањата се дека продажбата ќе се зголемува во следните месеци во текот на оваа и следната година.

Вкупно во првите пет месеци годинава биле продадени над 990.000 автомобили, што е за 35% помалку во споредба со истиот период минатата година.

Ниту еден германски производител не бил поштеден од падот на продажбите. Smart бил најсилно погоден со пад на продажбите од над 90%. BMW имал за 62% помала продажба. Продажбите на Volkswagen биле за половина пониски.

И нормално намалувањата на продажбите, предизвикува и намалување на производството.
Според податоците од Асоцијацијата на автомобилската индустрија (VDA) во текот на мај германските производители на автомобили бавно го рестартирале производството.

Во текот на целиот мај само 151.500 автомобили излегле од производните ленти на германските производители, што е за две третини помалку во споредба со истиот период пани.
Во текот на првите пет месеци биле произведени помалку од 1,2 милиони автомобили, што е најниско ниво на произведени автомобили во Германија од 1975 година.

Аналитичарите од Ernst & Young сметаат дека дека и покрај олабавувањето на мерките, автомобилската индустрија е во во длабока криза, а според нив, субвенциите за купување на нови (електрични ) автомобили кои ги планираат германските власти, би можеле да помогнaт да се прекине застојот во продажбите во Германија, но само делумно. За целата година аналитичарите на EY очекуваат пад на продажбите на нови автомобили за околу 20%.

Имајќи во предвид дека околу 50% од македонскиот извоз преку синџирите за снабдување е директно поврзан со германската автомобилска индустрија, може сосема извесно да предвиди дека намаленото производство на автомобили во Германија ќе резултира со голем пад на производството во фабриките за автоделови кои работат во слободните зони, но и со голем пад на вкупниот извоз на државата.