Како дел од проектот „Bayern Fit for Partnership“,во Баварија се одржа Делегациско патување на тема: Развој на туризмот во Северна Македонија.
Делегациското патување беше организирано од АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, под покровителство на Баерн Интернационал, а истото беше финансирано од Министерството за економија, регионален развој и енергетика на Баварија.
На ниво на цела Германија, Баварија покраина е со најголем економски развој, највисок квалитет на живот и стандард, воедно е и предводник во развојот на туризмот.
Според пристигнатите апликации интерес за ова Делегациско патување имаше кај огромен број на македонски компании, со што се изразува потребата од стекнување на нови сознанија, кои ќе им помогнат на стопанствениците за унапредување и развој на туризмот во Северна Македонија.
20 компании од Северна Македонија беа дел од делегацијата и имаа можност да посетат 20 баварски компании и хотелиери кои играат водечка улога во туристичкиот сектор во Баварија, каде што можеа да разменат искуства и да стекнат нови знаења за одржливиот туризам, спортскиот туризам, туризам кој се фокусира на запознавање на нови култури.
„Многу сме задоволни што отворивме сосема нова перспектива со ова Делегациско патување. Досега Германија ја гледаше Северна Македонија како важен трговски партнер и ја сметаше земјата за добра локација за преместување на индустриското производство. Сега ја претставивме Северна Македонија како туристичка локација пред повеќе од 30 компании и здруженија во Баварија. Ваквите проекти се од голема важност за Северна Македонија со цел да стане видлива во други сектори во Германија“, Антје Ванделт, директор на АХК Северна Македонија, дел од германските стопански комори.
Во рамки на патувањето, меѓу другото, беше организиран и саем на кој се претставија 30 германски компании од туристичката индустрија. Германските компании по остварените Б2Б средби оценија дека има голем потенцијал за соработка со македонските туристички оператори.
Од С.Македонија во учествуваа претставници од следните компании: Хотел Шумски Фенери, Генерал турист, Бучен Козјак, Вила Дихово Битола, Хотел Милениум Палас Битола, Хотел Скардус, Хотел Арена, ТроКадеро Менаџмент, Вила Гора Крушево, Хотел Молика Битола , Ресторан Дамар Охрид, Хотел Тино Охрид, Хотел Манастир Берово, Ресорт Маврово, Кампинг Љубаништа Охрид, Вила Арте Охрид, Хотел Милениум Палас Охрид.