Србија е еден од глобалните лидери во производството на замрзнати малини, а скоро целото производство се пласира на пазарите на развиените земји.

Во текот на 2020 година, според податоците на Републичкиот завод за статистика на Србија, приносот на малини во Србија бил 118.674 тони, од површина од 24.028 хектари, додека приходите остварени од извозот на замрзнати малини во 2020 година изнесувал 259 милиони евра, што е 40% од вкупната вредност на извозот на овошје изминатата година, велат од Стопанската комора на Србија.

Малините или како што се нарекуваат српското “црвеното злато” годинава има и рекордна откупна цена од 300 динари за килограм.

Извозот на земјоделски производи од Србија минатата година порасна за околу 6%. Најголема заслуга за тоа имаат цените на земјоделските производи, кои минатата година беа нешто повисоки.
„Малините се на прво место со 259 милиони евра приходи од извоз, благодарение на големата побарувачка и добрата цена на малините. Минатата година во Србија беа произведени околу 1,6 милиони тони овошје, а беа извезени 503.000 тони, што вреди околу 644 милиони евра. И претставува раст од околу 19%”, посочува Богуновиќ.

Главни пазари за српските малини се Германија, каде годишно се извезуваат околу 37%, Франција 17% и Белгија 7%, а се продаваат и во Велика Британија, Холандија, САД, Австралија и Русија.

Колку за споредба, јаболката, кои се најизвезувано ово=шје од Македонија, лани донесе извозни приходи од 25,8 милиони евра или десеткратно помалку во споредба со приходите кои на Србија и го носи најизвезуваното овошје, малината.

Јаболката е на второ најизвезувано овошје од Србија, а лани бил остварен извоз од околу 110 милиони евра.
Близу 80% од извозот на српските јаболка се продава на пазарот на Руската Федерација, а Србија е најголем извозник на јаболка во таа земја.
Од извоз на капината лани Србија остварила приход од 41 милион евра, од цреши 40 милиони евра, сливи околу 21 милиони евра.