Обраќање на Роберт МекЛеод, извршен директор на Џонсон Мети за полугодишните резултати
Пандемијата со вирусот КОВИД-19 создаде голема несигурност за бизнисите и општеството на глобално ниво. Наш приоритет беше безбедноста на нашите луѓе, клиентите, добавувачите и заедниците во кои работиме. Беше предизвик, но чекорите што ги презедовме во последниве години за да создадеме поедноставен, поподвижен и поефикасен бизнис, заедно со посветеноста на сите колеги во Џонсон Мети, овозможија полесно да маневрираме во изминатиот период. Задоволен сум што испорачавме оперативни перформанси далеку пред пазарните очекувања, добра акумулација на готовина и постигнавме понатамошен напредок во трансформацијата на групацијата.
Во „Чист воздух“ (Clean Air), по привремениот застој на почетокот на годината, во моментов гледаме силно закрепнување на побарувачката во сите региони, особено во Кина. Ефикасните природни ресурси (Efficient Natural Resources) беа под влијание на послабата побарувачка на некои пазари, иако забележуваме позитивен моментум во лиценцирањето со нови победи и сме силно позиционирани за енергетската транзиција. Секторот дравство (Health) има корист од новите договори со клиенти кои, исто така, ќе поттикнат раст во иднина. Имаме добар напредок со комерцијализацијата на eLNO и со оглед на нашата зголемена доверба од тестирањето со клиентите, продолжуваме со инженерскиот дизајн за нашата втора комерцијална фабрика.
Како групација направивме структурни подобрувања на нашиот оперативен модел за да се поттикне ефикасноста и да се зголеми способноста и веќе почнавме да ги гледаме придобивките. Нашите активности вклучуваат реализација на нашата годишна заштеда на трошоци од околу 225 милиони фунти до крајот на 2022/23 година; оптимизирање на нашиот глобален footprint преку „Чист воздух“ и обезбедување значителни придобивки од обртниот капитал со фундаментално менување на нашиот оперативен модел за метали. Во согласност со нашата тековна стратегија за создавање поедноставно и поефикасно портфолио, завршивме со отстранување на две од нашите помали несуштински активности.
Активностите со автомобилите и другите клучни пазари е подобрена од почетокот на пандемијата КОВИД-19 и очекуваме материјално посилна втора половина во споредба со првата половина на оваа година. Сепак, патот на закрепнување останува неизвесен и не обезбедуваме квантитативен водич за групацијата во целина, за годината што завршува на 31-ви март 2021 година. Земајќи го предвид падот на пазарот, перформансите на групацијата и важноста на дивидендите за акционерите, одборот одобри привремена дивиденда од 20 пени по акција.
Возбуден сум од полугодишните изгледи за раст поттикнати од забрзаните глобални трендови и се водиме со цел да го намалиме влијанието на климатските промени. Инвестираме во нашата иднина и остануваме фокусирани на нашите можности за раст, вклучувајќи ги и батериските материјали, горивни ќелии и технологии за производство на водород.
Резултати | Крај на полугодие 30ти Септември 2020 | %
Промена |
||
2020 | 2019 | |||
Приход | Милион фунти | 6,979 | 6,818 | +2 |
Оперативен профит | Милион фунти | 68 | 259 | -74 |
Неоданочен профит | Милион фунти | 26 | 225 | -88 |
Заработка по акција | Пени | 12.3 | 91.8 | -87 |
Привремена дивиденда по акција | Пени | 20.0 | 24.5 | -18 |
Основна изведба1 | Крај на полугодие 30ти Септември 2020 | %
Промена |
% промена, постојани стапки2 | ||
2020 | 2019 | ||||
Продажба со исклучок на благородни метали (продажба)3 | Милион фунти | 1,679
|
2,124
|
-21
|
-20
|
Оперативен профит | Милион фунти | 151 | 265 | -43 | -42 |
Неоданочен профит | Милион фунти | 109 | 231 | -53 | -52 |
Заработка по акција | Пени | 47.7 | 95.8 | -50 |
Резултати
- Приходите се зголемија за 2% како резултат на повисоките просечни цени на благородните метали
- Оперативната добивка се намали за 74% поради помалата побарувачка на „Чист воздух“ и големите трошоци за оштетување и преструктуирање од 78 милиони фунти
- Пријавениот EPS се намали за 87%, што е одраз на пониската пријавена оперативна добивка и повисоките нето финансиски трошоци
- Приливот на готовина од оперативни активности беше 482 милиони фунти
Основна изведба¹
- Продажбата се намали за 20%, пред се поради послабата побарувачка на „Чист воздух“. Продажбата на „Ефикасни природни ресурси“ и „Нови пазари“ исто така опадна додека во „Health“ растеше
- Основната оперативна добивка се намали за 42% како последица на „Чист воздух“. Збирно, оперативниот профит од другите наши оперативни сектори беше ист
- Основната EPS се намали за 50% како одраз на помал оперативен профит и повисоки нето финансиски трошоци
- Капитални трошоци од 148 милиони фунти бидејќи продолжуваме да инвестираме во нашите проекти за стратешки раст
- Протокот на слободна готовина се подобри за 256 милиони фунти како последица на понискиот обрт на капитал и покрај повисоките цени на благородните метали
- Одржан силен биланс на состојба со нето-долг од 0,9 милијарди фунти; нето долг кон EBITDA од 1,6 пати
- Враќање на вложениот капитал (ROIC) се намали на 10,4%, пред се, поради помалата оперативна добивка
Целосниот извештај може да го погледнете на следниот линк: https://matthey.com/en/news/2020/half-year-results-for-the-six-months-ended-30th-september-2020
Забелешки:
Консензусот на Вара за основната оперативна добивка во првата половина на 2020/21 беше 142 милиони фунти (опсег: 122 милиони до 158 милиони фунти) на 18 ноември 2020 година.
- Основицата е пред добивката или загубата со кои располага бизнисот, добивката или загубата од значителни правни постапки заедно со придружните правни трошоци, амортизацијата на стекнатите нематеријални добра, големите трошоци за оштетувањето и преструктуирањето и, доколку е соодветно, поврзаните даночни ефекти. За дефинирање и усогласување на други мерки што не се GAAP, видете на страниците 46 до 49.
- Освен ако не е поинаку наведено, коментарот за продажба и оперативна добивка се однесува на перформансите со постојаните стапки. Растот со постојани стапки го исклучува влијанието на размената на странски валути , при што резултатите од 2019/20 се претвораат според просечните курсеви за 2020/21.
- Приходи со исклучок на продажба на скапоцени метали на клиенти и скапоцени метали содржани во производи коишто се продадени на клиенти.
Во 59-те милиони фунти се вклучени и 30 милиони фунти од „Чист воздух“, организациската ефикасност на групацијата и 29-те милиони