Данскиот логистички гигант Молер-Маерск објави дека го забрзува спроведувањето на планот за формирање на еколошки прифатлива флота со нарачка на осум товарни контејнерски бродови кои се јаглерод неутрални, во нарачка вредна 1,4 милијарди долари
Маерск планира новите бродови, кои како погонско гориво ќе користат метанол, да ги пuшти во употреба во 2024 година.
Бродовите ќе бидат изградени од јужнокорејската Hyundai Heavy Industries (HHI), ќе бидат опремени со мотори напојувани од конвенционално гориво и метанол, ќе можат да превезуваат по 16.000 контејнери и ќе сочинуваат околу 3% од флотата на Маерск.
Договорот со јужнокорејскиот бродоградител вклучува и опција за купување на уште четири бродови до 2025 година.
Според Маерск, новите бродови ќе им овозможат да ги намалат годишните емисии на јаглерод диоксид за околу милион тони.
„Треба да направиме нешто сега ако сакаме да се справиме со климатските предизвици во логистиката“, изјави извршниот директор на Молер-Маерска, Сорен Скуу.
„Оваа нарачка докажува дека јаглерод неутралните решенија се достапни во сите сегменти на контејнерски бродови и дека Маерск сака да ги задоволи зголемениот број клиенти кои сакаат да ги исфрлат јаглеродните синџири на снабдување“, изјави лидерот на данскиот гигант додавајќи дека ова е исто така силен сигнал за производителите на гориво дека на пазарот брзо се формира значајна побарувачка за зелени горива.
Maersk има намера да биде јаглерод неутрален до 2050 година. Минатата година, компанијата објави дека успеала да ги намали емисиите на јаглерод за 42%.
Според податоците на Вишиот институт за поморска економија (Isemar), поморскиот транспорт е голем загадувач од воздухот, со удел во глобалните емисии на стакленички гасови од 2,98 % во 2018 година, според Меѓународната поморска организација (IMO), додека учеството на логистиката и дистрибуцијата  вкупно е многу поголемо и се проценува на околу 13%.
Извор: Еуроактиве

ПОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here