Ирската компанија Aptiv, која се занимава со производство на делови за автомобилската индустрија, на крајот на ноември ќе започне со изградба на фабрика во Заечар, Србија во која ќе бидат вработени 2.100 работници, објавија локалните градски власти.
Како што е наведено, тоа ќе биде гринфилд инвестиција и ќе има, наместо претходно планираните 20.000 квадратни метри, вкупна површина на производствени сали од 30.000 квадратни метри.
Пред изградбата на фабриката, јавните претпријатија на републиката, државата и градот ќе ги завршат инфраструктурните обврски, кои се предуслов за изградба.
Планирано е обуката на првите вработени да започне оваа година во фабриката во Нови Сад.
Целосен работен капацитет (сите три фази) и вработување на сите 2.100 работници се очекува до крајот на октомври 2021 година.
Компанијата за автомобилски делови Aptiv отвори фабрика и во Македонија во 2016 година, која е лоцирана во ТИРЗ Скопје 1 за производство на најнова технологија на модул за возила кој се вградува низ Европа и за соработка со другите капацитети на Делфај во регионот.
Најавената инвестиција беше 15 милиони евра и 500 вработувања.