Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,93% во однос на Одлуката од 07.09.2020 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 60,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесуваат 49,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,407 ден/кг и ќе изнесува 24,549 ден/кг.
“Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 5,950% или за 24,150 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 9,999% или за 34,300 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 9,239 % или за 31,250 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 9,018% или за
околу 24,650 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,1851 ден/$ и е за околу 0,496% повисок од курсот на доларот (51,9276 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка”, велат од Регулаторна комисија за енергетика.