На почетокот на март германската компанија Continental ќе отвори нова фабрика за автомобилска електроника во Нови Сад, вредна 140 милиони евра, каде ќе бидат вработени над 500 работници, објави владата на покраината Војводина, по состанокот помеѓу српските власти со претставниците на Continental.

Continental одлучул да инвестира во фабриката по одличните перформанси на нејзиниот Центар за истражување и развој (R&D) за внатрешни возила и системи за контрола на безбедноста во Нови Сад.
Continental го отвори својот Центар за истражување и развој во Нови Сад во март 2018 година и досега ангажирал околу 500 инженери.