Еврото на најниско ниво во последите 3 години

Курсот на еврото денеска ослабе на меѓународните пазари на најниско ниво за три години во однос на доларот додека  инвеститорите за нови насоки ги чекаат новите податоци за за економската клима во германската економија.

Сабајлево еврото се тргуваше по 1.0826 долари, или за 0,1% пониска вреднсот во однос на понеделникот и околу 3,4% намалување од почетокот на годината, достигнувајќи до најниските нивоа од април 2017 година.

Заедничката европска валута е под притисок од најновите слаби податоци од Германија за индустриската активност и бруто домашниот производ (БДП), кои покажуваат дека еврозоната е поранлива отколку што се сметаше претходно, додека американската економија се покажа како поотпорна од остатокот на светот.

Од најновите податоци, инвеститорите особено го очекуваат Извештајот на германскиот истражувачки институт ZEW за економската клима, за кој се очекува да покаже пад на довербата на инвеститорите.
Поради слабите економски показатели од економиите на земјите членки на евризоната, се очекува да се продолжи со релаксираната монетарна политика во подолг период.