Националната железница на Кина (China National Railway) соопшти дека 93.000 TEU преку товарниот сообраќај биле транспортирани меѓу Кина и Европа во мај, што претставува зголемување за 48% во споредба со истиот период лани.
Кинеската железница работела со 1033 товарни возови на релацијата Кина – Европа во мај што е за 43% повеќе отколку во мај 2019 година, а за прв пат 1000 вакви возови работеа за еден месец.
Бројот на излезни возови од Кина во мај изнесува 556, превезувајќи 50.000 TEU што претставува годишно зголемување од 47% и 52%, соодветно.
Од Европа во Кина влегле 477 возови и 43.000 TEU , што е зголемување за 39% и 44% соодветно.
Во мај, со возовите помеѓу Кина и Европа се транспортирани 1,96 милиони артикли и 9.381 тони заштина опрема за борба против корона вирусот, како што се маски, комплети за прва помош, заштитна облека, рачни монитори за температурата и заштини очила.