Премиерот на Косово, Албин Курти смета дека балканскиот „мини шенген“ ја претставува намерата на Србија да формира четврта Југославија и дека таквата идеја претставува опасност, додавајќи дека за тоа е заинтересирана и Русија.
Тој истакна дека балканскиот „мини Шенген“ не е реалност, туку повеќе е идеја и дека веќе постои рамка за Берлинскиот процес за соработка на шесте држави во регионот.
Курти не ја исклучува можноста да присуствува на следниот состанок на балканскиот мини Шенген, но малку е вројатно дека таква одлука би била донесена во неговиот кабинет.
„Треба да разговараме за сè во владата. Мора да почекаме документирање на оваа идеја и ќе имам неколку прелиминарни контакти пред да одам на четвртата средба. Априори не е мудро да се каже дека не прифаќам, но не значи дека јас радикално сум се сменил “, вели Курти.
Додека за мини Шенгенот смета дека е само идеја која тешко би се реализирала , косовскиот премиер е уверен албански макро Шенген, кој би опфаќал сеопфатна албанска либерализација би се спровел многу побрзо, потенцирајќи дека таквите иницајтиви не може да водат само кон Берлинскиот процес.
Идејата за формирање на мини Шенген во регионот на Западен Балкан беше промовирана минатата година со цел да се зголеми соработката меѓу земјите во регионот и да се либерализира движењето на луѓе, стоки и капитал, а како лидер на оваа идеја се наметна Србија.