Тесните грла во синџирите на снабдување во поморскиот транспорт и пазарот на полупроводници ги зголемуваат додаваат краткорочни притисоци врз инфлацијата, засилувајќи го влијанието на повисоките цени на суровините, вели Fitch Ratings во својата најнова економска анализа.

Глобалната индустриска побарувачка силно се опоравува, одразувајќи ја зголемената побарувачка за електроника и други трајни производи, изненадувачки еластичните инвестиции во приватниот сектор во САД и закрепнувањето во Кина.

Светската трговија се опорави побрзо отколку што се очекуваше и, во комбинација со дислокациите во секторот за испорака на контејнери како резултат на пандемијата, трошоците за испорака на товар се зголемија од ноември.  Цените за транпорт со контејнерски бродови се зголемија во некои правци дури за четири пати. Неодамнешното привремено блокирање на Суецкиот канал ги засили тесните грла.

Глобалната индустрија за полупроводници исто така се бори да ја исполни пребрзо зголемената побарувачка. Доцнењата во снабдувањето достигнаа рекордни нивоа, според некои деловни истражувања.

Се очекува овие тесни грла за снабдување да се олеснат во втората половина од 2021 година. Основните стапки на инфлација во услужните сектори и растот на платите остануваат ниски во САД и Европа. Како и да е, краткорочните нагорни притисоци врз цените се значителни и се зголемуваат. Податоците за платниот биланс покажуваат дека трошоците за испорака на услуги за товарен превоз биле 32 милијарди доплари во САД во 2020 година (0,2% од БДП) и 51 милијарда евра во ЕУ 27 во 2019 година (0,4%).

 

Извор: Fitch Ratings