Како дел од активностите за општествена одговорност, компанијата „Алкалоид“, квеќе неколку години наназад презема повеќе активности, кои, меѓу другото, се насочени и кон заштита на животната средина.
Значаен дел од тие активности е фокусиран на енергетската ефикасност, со цел оптимизирање на потрошувачката на енергија и намалување на штетните емисии.
Како резултат на тие активности „Алкалоид“ АД го доби првиот ЕНЕРГЕТСКИ СЕРТИФИКАТ за новоизграден објект во Производство фармација А3.

Овој сертификат потврдува дека објектот е изведен со многу подобри енергетски карактеристики во однос на проектираното и дека се категоризира во класа Б за нестанбени згради, уште еден доказ дека компанијата ги следи современите трендови во сите аспекти од своето работење и дека е целосно посветена на остварување на целите од поставената ESG-стратегија“, изјавуваат од компанијата “Алкалоид”.