Најновите податоци на Нaродната банка покажуваат дека извозот на ИКТ (информатички, компјутерски и телекомуникациски) услуги изминатата 2022 година надмина 467 милиони евра. Тоа е раст од 41% или зголемување за 137 милиони евра во споредба со извозот од претходната 2021 година кога извозот на ИКТ услуги изнесуваше 330 милиони евра.
Извозот на ИКТ услуги од Македонија бележи висок и континуиран раст во последните пет години. Така во 2018 година извозот на ИКТ услуги изнесувал близу 184 милиони евра. Тоа значи дека за пет години се зголемил за 155%. Во истиот период, пак, увозот на ИКТ услуги се зголемил за 47%.
Ова за прв пат извозот на ИКТ услуги да го надмине извозот на храна и земјоделски производи од Македонија, која традиционална важи за земјоделска земја и земја со голем потенцијал за производство на храна.
Статистиката покажува дека извозот на храна од Македонија во текот на ланската 2022 година изнесувал 450,3 милиони евра и е поголем за 15,6% или за околу 61 милион евра.
Ова е прв пат досега извозот на ИКТ услуги да ја надмине вредноста на извозот на прехранбени и земјоделски производи од Македонија.
Македонија бележи суфицит во трговијата со ИКТ услуги, кој во изминатие пет години бележи континуиран раст. Податоците покажуваат дека лани увозот на ИКТ услуги од странство изнесувал 132 милиони евра, што значли дека нето извозниот ефект за земјата во трговијата со ИКТ услуги со странство изнесувал 335 милиони евра. За споредба пред пет години односно во 2018 година нето извозниот ефект од оваа индустрија изнесувал 93 милиони евра.
Во трговијата со храна, пак, со светот Македонија станува се позависна од увоз. Минатата 2022 година во земјава била увезена храна во вредност од истриски најголеми 894 милиони евра и бележи раст од 20% за само една година. Дефицитот во трговијата со храна на Македонија со светот расте постојано во последните пет години и од 300 милиони евра во 2018 година , лани порасна на над 443 милиони евра.