Производството на автомобили во Кина би можело да се намали вопрвиот квартал годинава за околу 2% затоа што епидемијата на коронавирус ги принуди производителите на автомобили да го одложат повторното отворање на нивните фабрики.
Многу производители на автомобили веќе ги затворија своите фабрики две недели во јануари за Лунарниот новогодишен празник кој започна на 25 јануари, и оттогаш кинеските власти им наложуваат да ги задржат своите работници дома најмалку барем до 13 февруари, за да им помогнат на кинеските здравствени работници да го стават под контрола смртоносниот вирус.
Вухан, епицентарот на епидемијата во централната провинција Хубеи, е дом на седум големи домашни и странски производители на автомобили, како и стотици добавувачи на делови за автомобили. Донгфенг мотор, трет по големина производител на автомобили во Кина, се наоѓа таму. Јапонскиот производител на автомобили Хонда и француските производители на автомобили ПСА Рено имаат заеднички вложувања во Вухан.
Ова нарушувањето во кинеското производство на автомобили доаѓа во тежок период за индустријата, која бележи пад на годишната продажба во последните две години во услови на економско забавување на Кина.
Падот на продажбите на автомобили воКина дојде по 27 годишен континуиран раст.
Провинцијата Хубеи произвела 2,2 милиони автомобили во 2019 година и претставува четврта по големина меѓу провинциите за производство на автомобили во Кина. Производството во оваа провинција учествува со околу 9% од вкупното производство на автомобили во Кина.
Прекинот во производството би можело да предизвика и нарушување во глобалните ланци на снабдување поврзани со автомобилската индустрија.
За да ги намали негативните ефекти од вирусот врз економијата, кинеската Централна банка утре ќе пушти во оптек 156 милијарди евра дополнителна ликвидност.