Расходите за бизнис патувања се очекува да се зголемат за 21% оваа година во целиот свет, поткрепени од почетокот на вакцинирањето за Ковид 19, но нема да се вратат на нивото пред пандемијата до 2025 година, прогнозира Асоцијацијата на глобалните бизнис патувања (GBTA), пренесува Ројтерс.

Расходите за бизнис патувања се очекува да се зголемат до 842 милијарди долари во 2021 година, покажуваат прогнозите на Асоцијацијата. Минатата година трошоците за бизнис патувања се намалија за 52%, до 694 милиони долари заради пандемијата.

По десетина година стабилен годишен раст се очекува во 2020 година бизнис патувањата да регистрираат десет пати поголеми загуби во однос на падовите после 11 септември 2001 година и рецесијата во 2008 година, информираа Асоцијацијата GBTA.

И покрај очекуваниот раст на патувањата во 2021 година несигурноста околу напредокот со вакцинацијата и политиките на американскиот претседател Џо Бајден може да се одразат негативно на возобновувањето.

„Продолжувањето на доставата на вакцините ќе биде од централно значење за глобалното возобновување, како и решенијата на новата администрација на Бајден, односно глобалната трговија и граничните политики“, вели Дејк Хилфман, главен извршен директор на GBTA.

Според Асоцијацијата, компаниите веројатно ќе трошат повеќе само за патувања кои не можат да бидат заменети со онлајн средби.

До крајот на 2024 година расходите за бизнис патувања се очекува да достигнат околу 1,4 трилиони долара, односно колку што изнесуваа пред пандемијата, односно 1,43 трилиони долара во 2019 година, соопштуваат од Асоцијацијата, кои прогнозираат целосно враќање на претпандемиските нивоа во 2025 година.

Најголем стимул на глобалниот раст на бизнис патувањата во идните десет години се очекува да дојде од економиите од Азиско пацифичкиот регион.