Здружението на метална и електро индустрија – МАМЕИ заедно со Делегацијата на германското стопанство во земјава од 20-22 октомври 2020 организираат дигитална конференција и саем „Macedonian Manufacturing Expo“.
“Со овој настан им нудиме на германските компании можност да најдат нови добавувачи од Северна Македонија, Албанија и Косово. Оваа година очекуваме 30-тина германски компании да земат учество на Macedonian Manufacturing Expo. Не пропуштајте ја можноста да ја претставите Вашата компанија на најголемиот Б2Б настан во регионот и да изнајмите виртуелен штанд на кој ќе ги претставите Вашите производи”, велат од Делегацијата на германското стопанство.
Macedonian Manufacturing Expo е најголемиот бизнис настан за деловно вмрежување во Република Македонија, чија примарна цел е поврзување на локални добавувачи (од Македонија и државите од Западен Балкан) од лесно преработувачките индустрии (компании кои преработуваат метал, пластика, гума, хартија и стакло, компании од електро-електронскиот сектор и компании од пакувачките индустрии) со домашни, регионални и странски компании-купувачи, низ низа на претходно договорени и таргетирани business-to-business средби според барањата на компаниите-купувачи и дејноста на компаниите-добавувачи, со цел градење основа за понатамошни партнерства и успешни добавувачки ланци. Претходните три години овие состаноци се одржуваа во живо, но поради рестрикциите на патување и големи собири поради пандемијата на вирусот COVID-19, овогодинешниот Macedonian Manufacturing Expo ќе биде целосно виртуелен и ќе се одржи на GDPR-сертифицираната он-лајн платформата за виртуелни настани Eventora.
Повеќе информации за тоа како да учествувате на овој настан можете да прочитате на следниот ЛИНК.