Продажбата на нови автомобили во април бележи пад од 97%, што е најголем пад од февруари 1946 година досега како последица на затворањето на фабриките и салоните за продажба на автомобили заради пандемијата со Ковид 19.
Во април имало само 4.321 рагистрација на нови возила од кои кои 4.286 биле автомобили купени од страна на компании, објавува Automotive Europe News, повикувајќи се на податоците на Асоцијацијата на производители и трговци со моторни возила.
Со последниот пад на продажбата на автомобили во април, проекцијата за продадени возила во Велика Британија за 2020 година е намалена на 1,68 милиони продадено автомобили, што е најниска бријка во последните 30 години.
Најпродаван модел во април во Велика Британија бил Tesla Model 3, од кој се продадени 658 возила.
Британската автомобилска индустрија, која е најголем извозник во земјата, се соочува со загуби вредни 9,95 милијарди долари заради кризата со коронавирусот. Производството во автомобилската индустрија годинава бележи пад од 14%, а продажбите бележат пад од 43% во првите четири месеци годинава.
Статистиката покажува дека во февруари 1946 година, само неколку месеци по завршувањето на Втората светска војна во Велика Британија биле продадени само 4.044 автомобили.
Продажбата на автомобили паѓа низ цела Европа. Во Франција во април има пад на продажбата на автомобили од 88%, додека во Италија падот е најголем и изнесува 98% во споредба со истиот период лани.