Глобалниот пазар за супститути или замена на месо рапидно расте во последните неколку години. Растот е поттикнат од свеста за здрава исхрана, пренасочување на потрошувачите кон природни растителни протеини, зголемувањето на цените на месото и зголемената општа побарувачка на потрошувачите. Зголемената светска популација е исто така важен двигател на пазарот.

Замените за месо се прехранбени производи кои се слични на месото по текстура, вкус и протеински својства. Составени се од состојки на растителни протеини и не содржат месо.

Според предвидувањата на ОН, светската популација ќе достигне 8,9 милијарди луѓе до 2050 година, што е зголемување за 47% во споредба со 2000 година.

Со оглед на сегашниот тренд, алтернативните извори на протеини стануваат важен фактор за одржлив развој.

Потрошувачи на замени за месо не се само вегетаријанци, туку и сите оние кои сакаат да ја сменат својата диета на диета со помалку месо.

Целна група за производители на замена на месо се главно не-вегетаријанци кои се заинтересирани за купување здрава храна која има сличен вкус и текстура како месото. Бидејќи месото предизвикува разни болести, неговите вегетаријански верзии стануваат сè попопуларни.

Пазарот за замена на месо е сегментиран според видот, изворот и регионот.

Во сегментацијата според видот на производите преовладува сегментот на текстурирани растителни протеини.
На овој сегмент отпаѓа околу 40% од вкупниот пазар во 2020 година. И во периодот на прогноза 2021-2029 година, се очекува овој сегмент да ја задржи водечката улога на пазарот на замени за месо.
Силен раст во следните девет години ќе забележи сегментот на протеини од грашок, кој се очекува да достигне просечен годишен раст од 8,5% во прогнозираниот период.

Во 2020 година замените за месо од соја имале најголемо учество во однос на вредноста на продажбата. Во прогнозираниот период од 2021 до 2029 година, овој сегмент се очекува да продолжи да расте силно. Достапноста на суровини и пониските трошоци за добивање на замени за месо врз основа на соја ќе го охрабрат растот на овој сегмент во иднина.

Регионално, најголем пазар за замени на месо е Европа, која имала 35% удел на пазарот во 2020 година. На второ место е Северна Америка, а на трето место е азиско-пацифичкиот регион.

Најголемиот пазар за замена за месо е Велика Британија. Зголемениот број на вегетаријанци, заедно со трендот на флекситаризам, ја поттикнува побарувачката за замени за месо во Велика Британија. Вредноста на продажбата на замена за месо во Велика Британија се очекува да порасне на околу 8,5% на просечна годишна стапка во периодот 2021-2029 година.

Зголемувањето на цените на месото, заедно со транзицијата на населението кон здрав начин на живот, исто така доведуваат до поголема употреба на замени за месо.