Од утре до 22 март во Србија ќе биде сѐ затворено освен прехранбени продавници, аптеки и бензинските, одлучи денека Кризниот штаб.

Како што соопшти премиерката Ана Брнабиќ, во земјата нема да биде воведен полициски час ниту ќе има целосна забрана за движење, градинките ќе продолжат да работат, а основците ќе ја продолжат наставата онлајн.

„Треба дополнително да го забавиме животот во Србија со цел да видиме дека бројките на новозаразените стагнираат. Ова е пред сè поддршка на нашите здравствени работници“, изјави Брнабиќ.

Според неа, медицинскиот тим од Кризниот штаб барал овие мерки да се спроведуваат 14 дена, но компромисното решение било да се реализираат првично на седум дена.

Затворени ќе бидат и рестораните, кафеани и кафулињата кои се наоѓаат во скијачките центри.