Србија планира да го забрани извозот на литиум од наоѓалиштето Јадар во обид да стане европски центар за производство на батерии, електрични автомобили и други производи што содржат литиум, изјаву премиерката Ана Брнабиќ.

Србија има за цел да привлече 1,5 милијарди евра (1,8 милијарди долари) во приватни инвестиции преку проектот Јадар, кој содржи околу 10% од светските резерви на литиум, рече Брнабиќ

„Ќе биде оневозможено да се извезува од Србија литиум како суровина, треба да произведуваме полупроизводи или крајни производи кои содржат литиум за да може економијата да расте“, рече Брнабиќ.

Минатиот месец, српската влада соопшти дека британско-австралиската рударска групација Рио Тинто планира да инвестира вкупно 450 милиони американски долари во развојот на проектот за истражување и преработка на лириум-борат во Јадар во Србија.

Јадар, откриен од геолозите на Рио Тинто во 2004 година во близина на градот Лозница во западна Србија, би бил во можност да обезбеди приближно 55.000 тони литиум карбонат, како и 160.000 тони борна киселина и 255.000 тони натриум сулфат годишно.

Извор: Seenews