Српската прехранбена компанија МК Група, преку својата компанија Агроунија започнува извоз на јаболка во Индија со планирана годишна вредност од еден милион долари.
На настанот на кој се одбелеа првиот извоз на српски јаболка во Индија присуствуваше и амбасадорот на Индија во Србија, Н.Е. Субрата Батачарџи кој ги поттикна српските извозни компании да го истражуваат индискиот пазар кој нуди големи можности и за многу други производи.
Јаболката ќе се извезуваат во Индија во периодот од октомври до јуни, од 4 до 5 контејнери месечно, а само во првата година се планира да се извезат околу илјада тони јаболка, само од плантажите во групацијата МК.
Од Агроунија велат дека на индискиот пазар најмногу се претпочитаат сортите на црвено јаболко – Гала, Ред Делишес, Фуџи, но и Грени Смит, кои први ќе се најдат на индискиот пазар, додека подоцна планираат да ја промовираат сортата Кримсон Снег
Србија минатата година оствари девизен прилив од околу 120 милиони долари само на извозот на јаболка.
Покрај извозот во Индија, Агроунија успешно извезува јаболка на пазарите на Руската Федерација, Англија, Шведска, Германија, Словенија, Шпанија во Црна Гора, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Малезија, Кувајт, Сенегал и многу други.
Агроунија е членка на МК Групацијата, која меѓу најголемите извозници на земјоделски култури во Србија.