Европската комисија и Комората за инвестиции на Западен Балкан (КИФ СБ 6) формираа заедничка деловна платформа ЗБ6-ЕУ која ги обединува бизнисмените од регионот и претставници на ЕУ за унапредување на дијалогот и поддршка на економиите од Западен Балкан за да се справат со предизвиците и да се подготват за интеграција на европскиот единствен пазар.
Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија (ПКС) и претседател на КИФ ЗБ6, го истакна значењето на зајакнувањето на дијалогот меѓу деловната заедница од регионот и ЕУ, како и инклузивното проширување – прогресивно отворање на единствениот европски пазар за компании и производи од Западен Балкан.
Тој очекува раната интеграција да биде достапна во секторите кои се усогласени со европските правила и стандарди.
“Со воспоставување на заедничка платформа и зајакнување на дијалогот помеѓу деловната заедница од Западен Балкан и институциите на ЕУ, ние го поставуваме теренот за ефикасно решавање на сите важни деловни прашања за нашите компании кои во голема мера ги исполнуваат сите европски стандарди, истакна Чадеж и ги повика европските службеници да помогнат гласот на бизнисмените од Западен Балакн да се слушне во ЕУ.
Оливер Вархеји, комесар на ЕУ за соседство и проширување, го поздрави лансирањето на деловната платформа ЗБ6-ЕУ, за која рече дека е „важна за подобрување на стратешката соработка и ангажман со деловната заедница од Западен Балкан“.
Комесарот очекува дека јавниот и приватниот дијалог ќе овозможи полесно спроведување на економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан.
“Тешко е да се најде причина зошто не би го прифатиле регионот како дел од ЕУ”, додаде Вархеjи.
Економскиот и инвестициски план на Западен Балкан, усвоен во октомври 2020 година, има за цел да го зајакне долгорочното економско закрепнување на регионот, да ја поддржи зелената и дигитална транзиција, да ја зајакне регионалната и интеграцијата со ЕУ, а предвидува инвестиции во регионот во вредност од 9 милијарди евра.
Претставниците на економијата на регионот вклучени во Деловниот совет на КИФ ЗБ-6, кој се состои од 16 водечки компании од Западен Балкан, во дискусијата посочија низа важни прашања и предизвици во работењето на компаниите на пазарот на ЕУ.
Претставниците на „Еликсир“, „Тиквеш“, „Балфин груп“, „Алкалоид“, ја истакнаа потребата од поедноставување на постапките за побрз проток на стоки кон ЕУ, скратување на времето на чекање на граничните премини меѓу Западен Балкан и ЕУ, важноста на дигитализацијата и инвестициите во инфраструктурата, земјоделството и енергија.
Деловната заедница од Западен Балкан очекува поддршка од ЕУ во спроведувањето на Зелената агенда, подобрување на енергетската ефикасност и зголемување на употребата на водород и биомаса, како и во пренесување знаење и технологија за да се запрат младите луѓе да го напуштаат Западен Балкан.