Новиот корпоративен дизајн ги визуелизира силните јаките страни на компанијата. B2B  логистичкиот провајдер се фокусира на емоционална привлечност

 

Водечкиот логистички провајдер во светот ДБ Шенкер (DB Schenker) ја ажурира визуелизација на сопствeниот бренд и ја започна транзицијата кон нов визуелен јазик.
Употребата на логото на брендот е адаптирана според централните јаки страни на компанијата и основните елементи во маркетиншки формати кои се фундаметално ревидирани. Ова е најобемното комуникативно репозиционирање на ДБ Шенкер од нашето целосно приклучување кон матичната компанија Deutsche Bahn.

Јохан Тевес (Jochen Thewes) , извршен директор на ДБ Шенкер : ‘’Интернационалноста, тимската работа, иновативниот дух и сигурноста/доверливоста се она што не издвојува. Нашите клиенти знаат што можеме да направиме и што не разликува од конкуренцијата.Со нашиот нов визуелен јазик, сега ќе можеме и подобро да ги претставиме овие јаки страни. Затоа, решивме да го зајакнеме нашиот брендсо нов индустриски изглед, различен од униформниот. Време беше да размислиме за брендот и да ги оставиме познатите модели зад нас. ‘’

Најпрво, шемата за маркетинг на бои значително се ревидираше : Сината, која широко се користи во индустријата, сега е во голема мера напуштена. Наместо тоа, тиркизната боја се користи како свежа и модерна основа. Воведувањето на овој нов вид боја на потпис, исто така ги потенцира напорите и целите на ДБ Шенкер за одржливоста во логистиката. Во исто време , елементите како што се црвениот “Pulse” овозможуваат идентификација и препознавање на ДБ брендот.

“Наместо да го смениме логото ја изменивме неговата околина. На овој начин, ние остануваме верни на суштината на брендот, но сепак можеме да го покажеме неговиот развој. Посилната емоционализација на надворешниот изглед го потенцира уникатниот идентитет на нашата компанија, за што досега сме кажувале многу малку, односно премногу малку сме дискутирале’’, вели Рудигер Витер (Rüdiger Vetter), потпретседател за Глобален маркетинг на ДБ Шенкер

Новата визуелна привлечност се рефлектира и во изборот на фото-мотиви. Новите слики претежно ги прикажуваат вистинските работници во ДБ Шенкер – автентичните “херои на логистиката”. Посебните работни полиња се прикажани во природна светлина. Овој нов фокус со слики од сите видови на транспорт е веќе тестиран во тековната кампања  – Нашиот Одговор Е Да-, што наиде на многу позитивни критики.

Некои од новите фотографии се направени од фотографот Томас Строуб (Thomas Straub) -лоциран во Минхен, чии вештини  визуелно ја раскажуваат главната идеја за новиот бренд на ДБ Шенкер.

Како дел од новиот корпоративен дизајн, употребата на логото на брендот е исто така многу пофлексибилна, бидејќи задолжителната употреба на белата позадина повеќе не е потребна.

Ова се однесува и на сопственото име “Шенкер’’ и на интегрираното лого ‘’ДБ’’ Дојче Бан АГ. (Deutsche Bahn AG). Опционалното менување на бојата на фонтот во бела наместо црна овозможува користење и на темна позадина.

Бидејќи процентот на задолжителни елементи во кампањата и рекламирање исто така е значително намален, во целост има повеќе простор и слобода за да се истакне вредноста на брендот. Ова исто така овозможува самиот бренд да биде поагилен во светот на дигиталната комуникација во иднина.

Почетниот сигнал за реорганизација на брендот на ДБ Шенкер започна во 2018 година, кога беше иницирано посилно управување со глобалниот бренд за ДБ Шенкер. Повторното започнување беше воведено со интензивна координација во одделни деловни единици.

Во исто време, Германски Железници (Dutsche Bahn AG)работеше на репозиционирање пријавено во реномираната Peter Schmidt Group.За ДБ Шенкер, дизајнерските специфичности во Хамбург беа создадени од агенцијата Conteam.

‘’Тајмингот беше совршен. Ние имавме одлична соработка со тимот за маркетинг на ДБ Шенкер. Новиот заштитен бренд, дизајн и изглед ни овозможија да размислуваме многу слободно/отворено за нашата стратегија со цел соодветно позиционирање на глобалниот бренд’’, додава Rüdiger Vetter.

На објавувањето/презентирањето на новиот бренд му претходеа неколку недели бројни презетации преку интернет, вебинари и тренинзи за да се овозможи истовремено воведување на новиот стимулирачки изглед во повеќе од 130 земји низ целиот свет. Понатамошниот глобален тек ќе биде во неколку чекори во месеците што следат. Се планира и корпоративно побарување.

Со повеќе од 76.000 вработени на повеќе од 2.100 локации низ 130 земји ДБ Шенкер е еден од водечките светски провајдери за логистика во светот. Компанијата располага со камионски, бродски и авионски транспорт и нуди сеопфатни решенија за логистика и глобално управување со синџирот на снабдување од еден извор.