Мукаетов: Пандемијата ни даде шанса да поминуваме повеќе време со семејството, но и за промени во бизнисот

19

Првиот човек на „Алкалоид“, Живко Мукаетов за Рес публика вели дека пандемијата го промени односот кон семејството на подобро.

На луѓето им даде време повеќе за разговор и да се грижат едни за други. За бизнисите, пак, вели дека ги натера да се прилагодуваат, особено кон неизбежната дигитализација.