„Вирусот корона се разбира дека има влијание врз економскиот и работниот процес на странските инвеститори во Северна Македонија. Инвеститорите ги презедоа сите заштитни мерки и доследно ги спроведуваа владините препораки на начин на кој што им беше препорачано да се примени во индустриското производство”, велат од Делегацијата на германското стопанство.
И покрај тоа, велат од Делегацијата, во изминатите недели се зголемија лажни вести за странските инвеститори во земјата, кои во оваа тешка состојба не се од корист ниту за компаниите, ниту, пак, за вработените.
“Со повторно стартување на производство, компаниите ќе сторат сé за да ја исполнат својата одговорност за зачувување на здравјето на вработените. Рестартирањето на производството ќе даде значаен придонес во одржувањето на општеството и државата.
Од Делегацијата велат дека синџирите на добавувачи одново ќе се позиционираат на светската мапа. Затоа, мрежата на германските стопански комори во странство (АХК) од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Украина, Белорусија, Тунис и Мароко се обединуваат да ја понудат својата помош на компанииите при поставувањето на новата структура на синџирите на добавувачи.
“Планирани се заеднички маркетинг активности во соработка со релевантни германски трговски здруженија, со чија помош можете да ја пронајдете вистинската локација за пренасочување на Вашиот синџир на снабдување и да најдете можности за нови инвестиции. Фокусот е ставен посебно на автомобилската-, електро- и фармацевтската индустрија”, велат од Делегацијата на германското стопанство.
Подемот на Северна Македонија како дестинација за директни странски инвестиции доведе до бум во изградбата на индустриски објекти, а ова гледиште го има и иницијативата за извоз на енергија при Сојузното Министерство за економија и енергетика.
“Министерството организира Делегациско патување на тема: „Обновливи енергии и енергетска ефикасност во индустријата во Северна Македонија“. Она што ќе биде новина во врска со Делегациското патување е дека ќе го организираме виртуелно.
Стручната конференција и Б2Б состаноците ќе Ви овозможат да се запознаете со потенцијални клиенти” . велат од Делегацијата, посочувајќи дека сите заинтересирани за Делeгаcиското патување може да добијат повеќе информации на следниот линк.